Светската банка апелира за помош на гладните во Западна Африка

Од:

Светската банка побара на гладните во Либерија и Сиера Леоне, африкански држави што се изолирани од светот поради епидемијата на eбола, да им се достави храна на вонреден начин од воздух или со специјален конвој.

– Стабилноста на целиот регион на Западна Африка ќе биде доведена во прашање, доколку гладта и болеста почнат неконтролирано да се шират, предупреди еден од директорите на Светската банка Тим Еван, истакнувајќи дека е неопходна сеопфатна глобална реакција.

Светската банка, заедно со ОН и Светската здравствена организација вршат итна проценка за испорака на храна, додека истовремено постои опасност од продлабочување на кризата поради неухранетост и ширење на други болести.

Би можело да ве интересира

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

ОН: Речиси еден милион луѓе гладуваат во сиромашните држави

Ана Ололовска

Оксфам: За последните шест години екстремната глад двојно зголемена во климатските жаришта во светот

Ана Ололовска

Се поголем број деца во Сомалија се соочуваат со глад

А1он

ОН: Делови од Сомалија се соочуваат со глад

А1он