Џикиќ: Можеме многу подобро

Од:

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Џикиќ очекува неговите избраници да покажат поголема сигурност на натпреварите кога Македонија е под императивот да победи.

– Сигурен сум дека ние можеме да одиграме многу подобро, со задржување на фокусот и константноста во текот на целата средба. На моменти имавме шанси да се одлепиме, но не успевавме да го направиме тоа. Мораме да научиме како да играме и на овие натпревари, каде што сме фаворити на хартија. Сите тренери велат дека токму тие натпревари се најтешките, но ние сме подготвени да го прифатиме предизвикот, констатира Џикиќ по тешката победа извојувана против Данска.

Македонија со победата над Данска се задржа на првата позиција на табелата, како единствена селекција со две победи по двете одиграни кола во групата Д.

Следниот натпревар избранивите на Џикиќ го играат на гостински терен против Белорусија и е исклучително важен во борбата за пласман на Евробаскетот. Натпреварот во Минск се игра в недела од 17 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос