Продолжуваат демонстрациите поради филмот „Невиност на муслиманите“ ширум светот. Во Белгија уапсени се 120 демонстранти, во Париз 100, а насилните протести продолжуваат и во Јемен и Каиро.
Египетскиот премиер повика САД да ги казнат сите оние кои го навредуваат исламот.
Демонстрантите во Антверпен извикувале антиамерикански слогани и го глорифицирале проркот Мухамед, а телевизиските снимки покажале дека насобраните го запалиле и американското знаме.
Протестот во Антверпен бил организиран по пат на СМС пораки и набрзо се претворил во директен судир со полицијата, која се обидувала да ги спречи демонстрантите да го блокираат главниот автопат. Меѓу уапсените е и лидерот на исламистичките групи за Белгија.
И француската полиција во Парис привела околу 100 луѓе, кои учествувале во протестите пред американската амбасада, кои биле ненајавени и неодобрани.
Како што пренесува Франц прес, меѓу демонстрантите имало и жени и деца кои протестирале насилно.
А нови насилстваима и во Јемен и во Каиро, а демонстрации се одржани и во Бангладеш, Индонезија, Малезија, Пакистан, Ирак, Израел и појасот Газа, Мароко, Сирија, Кувајт, Нигерија и Кенија.