Бајден и Порошенко разговараа за рускиот хуманитарен конвој на Украина

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден и украинскиот претседател Петро Порошенко телефонски разговараа за ситуацијата во врска со рускиот хуманитарен конвој за источна Украина, соопшти Кабинетот на шефот на украинската држава.

Порошенко го информирал Бајден за организацијата околу формирањето на меѓународна хуманитарна мисија под покровителство на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Тие се заложија дека Украина и САД ќе продолжат да ги координираат напорите за одговорот на актуелните и потенцијалните закани, се наведува во соопштението.

Киев стравува дека Русија ќе го искористи испраќањето на хуманитарната помош во Украина, како параван за навлегување на сепаратисти во регионите во источниот дел на земјата.

Рускиот конвој со хуманитарна помош, кој тргна во понеделникот од воената база во близина на Москва, но во вторникот запре во Воронеж поради неразјаснетите околности околу преминувањето на руско-украинската граница, утринава го продолжи патот кон Луганск.

Конвојот се состои од 262 камиони со хуманитарна помош, од храна за бебиња и конзервирано месо, па до преносни електрични генератори и вреќи за спиење.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите