Чешките фирми веќе знаат како да го избегнат руското ембарго

Од:

По помалку од една недела откога важи руската забрана за увоз од ЕУ, чешките производители, како и оние од другите земји, веќе најдоа начин како своите производи да ги увезат во Русија, јави дописникот на МИА од Прага.

Увозот ќе се врши преку трети земји, преку т.н. „реекспорт“. Принципот е едноставен, стоките се извезуваат во трета земја, таму се препакуваат и официјално како локален производ потоа се извезуваат во Русија.

Како што пишува весникот „Лидове новини“, чешките фирми веќе добиваат понуди од компаниите од земји за кои не важи руското ембарго. Најчеста дестинација е Хонг Конг, каде што може слободно да се тргува со странски валути и каде за 1.200 евра за неколку дена се регистрира фирма.

Иако јавно никој не зборува на оваа тема, за да не реагира Москва уште построго, сепак се претпоставува дека сите земји-членки  на ЕУ, особено оние кои извезуваат земјоделски производи во Русија, ќе се обидат да го искористат реекспортот за пласман на нивните стоки.

Би можело да ве интересира

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа

Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он