Металург поразен од Кретеј на Струшкиот ракометен турнир

Од:

Македонскиот шампион и бранител на трофејот на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2014“ Металург, синоќа беше совладан од францускиот прволигаш Кретеј со 24:21 (11:11).

Екипата на Металург не успеа да се справи со одличната одбрана на Французите, каде настапува и македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски. Поголем дел од мечот помина во израмнета игра и резултат, а решавачкиот момент беше во 52-та минута кога екипата на Кретеј направи разлика од четири гола (21:17).

Ренато Вугринец со шест погодоци беше најпрецизен и прогласен за најдобар играч во тимот од Автокоманда, а во спротивниот табор најдобар беше Хуго Деша со постигнати 10 голови.

Во вториот натпревар одигран доцна синоќа руската екипа Санкт Петербург убедливо ја совлада Металопластика (Србија).

Вечер на распоредот се два натпревари, во првиот се среќаваат екипите на Азоти Пулави од Полска и Кретеј (19:00), а потоа силите ќе ги одмерат вицешампионите на Македонија и на Русија, Вардар и Санкт Петербург (20:45).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ