Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изрази загриженост дека амбициите на рускиот претседател Владимир Путин „може да отидат подалеку од Украина“.
– Сведоци сме на илегалната анексија на Крим, видовме силна руска улога во дестабилизирањето на Источна Украина. Но, можеме да видиме и дека Русија стои зад конфликтот во делот од Молдавија, Придњестровје, како и во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија, изјави Расмусен во Исланд.
Расмусен нагласи дека Русија сака во соседните земји да воспостави сфера на влијание, додавајќи дека поради тоа е загрижен дека „руските амбиции одат подалеку од Украина“.