СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не знае што да напише во своите соопштенија

Од:

“Почитувани приматели на социјална помош, носители на право на помош и нега од друго лице, помош за деца без родители и родителска грижа. Нека е аирлија и да сте здрави и живи, ВМРО-ДПМНЕ се грижи!“, велат од СДСМ.

Со овие зборови ВМРО-ДПМНЕ им се обраќање на примателите на социјална помош и на лицата носители на правото на нега од друго лице, правото на додаток за слепило и глувост (страна 25 во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, таканаречениот Манифест).

ВМРО-ДПМНЕ ја покажа својата грижа, ама не за луѓето туку исклучиво за своите бизнис интереси. На околу 25.000 граѓани на кои што им е неопходна државна помош ВМРО-ДПМНЕ неуставно им ги скрати средствата и донесе Закон за социјална заштита на нивна штета а ги зголеми средствата за милениумско тркало во Скопје и барокни фасади.

Тоа е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Толку е нивниот „кредибилитет“.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ не знае што да напише во своите соопштенија. ВМРО-ДПМНЕ целосно им крати помош на лицата на кои што им е најпотребна а во соопштение за јавноста им кажува дека некогаш ја зголемиле токму таа помош што сега целосно им ја скратила.

Срамно, безобразно и невидено, стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието