Елиминации за Мицов и за Дургути

Од:

Македонските тенисери немаа успех на денешните мечеви на фјучрс турнирите.

Двајцата кои настапија во поединечна конкуренција се елиминирани. Стефан Мицов во првото коло на турнирот во Нови Сад го предаде дуелот против вториот носител Адриан Партл од Словачка. Во моментот на прекин во вториот сет противникот водеше со 1:0 во сетови и 4:3 во вториот сет.

Бесир Дургути на турнирот во Анкара во второто коло играше против првиот носител Никола Милоевиќ од Србија. Милоевиќ е прв носител на турнирот и Дургути успеа да освои четири гема. Мечот заврши со 6:3 и 6:1 во гемови за Србинот. Дургути за пласманот во второто коло ќе освои еден поен.

Во текот на денешниот дел од македонските играчи настап во двојки во четвртфинални мечеви ќе имаат Шендрит Деари на турнир во Нови Сад и Лина Ѓорческа на турнир во Брчко.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров