Вкупно 75 фармери од Македонија деновиве присуствуват на земјоделскиот саем во Текирдаг, Турција. Тие ќе остварат средби со претставници на турското Министерство за земјоделство, како и бизнис средби, а ќе ја посетат и фабриката за производство на трактори „Хатат“.
Саемот се одржува од 13 до 15 август. На него е изложена опрема за сточарство и биоенергија, а предвидена е и практична демонстрација на земјоделска механизација.
Посетата ја организира Федерација на фармери на Република Македонија (ФФРМ) во соработка со ДЛГ Фуарчилик. Целта е да се разменат искуства, да се применат нови технологии и да се остварат бизнис релации во насока на развој на земјоделството.
На отворањето на саемот ќе се обрати и претседателот на ФФРМ Никола Стаменов.