Франција во „наредните часови“ ќе им достави оружје на Курдите во Ирак, како дел од напорите за поддршка на нивната борба против исламистичката организација Исламска држава, соопшти денеска Елисејската палата
Како што јави дописникот на МИА од Париз, во соопштението се нагласува дека одлуката на Париз е донесена во согласност во властите во Багдад.
Елисејската палата уште на 7 август најави дека е подгтовена да им пружи поддршка на силите ангажирани во запирањето на офанзивата на исламстичките борци.