Најмалку две лица загинаа во земјотрес во Еквадор

Од:

Најмалку две лица загинаа, осум се повредени, а три се водат како исчезнати при земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала што го погоди еквадорскиот главен град Кито и неговата околина, соопштија локалните власти.

Земјотресот предизвикал лизгање на земјиштето, а спасувачките екипи се уште ги пребаруваат урнатините.

Еквадорските власти ги затворија сите патишта околу главниот град поради опасност од нови свлечишта.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот е регистриран на само 7,7 километри длабочина, а епицентарот бил на околу 22 километри североисточно од главниот град Кито, кој има околу 1,6 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле