Канада ќе испрати експериментална вакцина за заболените од ебола во Африка

Од:

Канада на Светската здравствена организација (СЗО) ќе и донира меѓу 800 и 1.000 дози од експериментална вакцина за ебола наменета за западноафриканските држави, изјави канадската министерка за здравство Рона Амброз.

– Канадската влада сака да напрви се што е можно со цел да ги поддржи меѓународните партнери, вклучително и финансирање и пристап до експерименталната вакцина, наведе Амброз.

Истовремено, Економската заедница на западноафрикански земји објави дека претставник на организацијата починал од Ебола во Нигерија, што е трета жртва на болеста во оваа земја.

Канада вчера објави дека поседува мало количество експериментална вакцина против еболата, болест од која досега починаа над 1.000 лица и дека Владата преговара со СЗО и САД за можноста таа да се користи во Африка.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто