Русија: Хуманитарниот конвој со помош за Источна Украина ќе ја помине границата под надѕор на Црвениот крст

Од:

Руското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека хуманитарниот конвој, кој тргна за Источна Украина, ќе ја помине границата само под надѕор на Црвениот крст.

– По преминувањето на руско-украинската граница, колоната ќе се движи под покровителство на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, се вели во соопштението.

Украина претходно предупреди дека хуманитарната помош треба да биде растоварена од руските камиони и префрлена од Црвениот крст на други камиони. Руското МНР не споменува за тој услов.

Според руски медиуми, конвојот од 280 камиони тргнал од место кај Москва и треба за околу два дена да помине 1.000 километри до Источна Украина, каде што проруските бунтовници се борат за сојуз со Русија.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите