Во изминатите три години САД доставиле на Индија оружје за вкупно 5,4 милијарди долари, изјави во Парламентот во Њу Делхи министерот за одбрана Арун Џејтли, јави ИТАР-ТАСС.
На тој начин САД станаа најголемиот извозник на оружје за Индија, надминувајќи ја Русија.
Во истиот тригодишен период Индија купила од Русија оружје за 4,2 милијарди долари, истакна министерот.
Трето и четврто место меѓу доставувачите на оружје на Индија заземаат Франција и Израел. За целиот тој период Индија купила оружје во износ од 14 милијарди долари.