„Банки“ е монтажна куќичка која нуди апсолутна слобода со минималистички дизајн и фасцинантен поглед. За куќата не е потребна градежна дозвола и може да се постави каде било, единствено се потребни цврсти темели.
„Банки“ првично е замислена како експеримент кој ги надминува границите меѓу архитектурата и индустрискиот дизајн. Тоа значи мултифункционален простор со интегриран простор за складирање и изграден со ЦНЦ технологија.
„Банки“ куќичката има четири различни модели со дополнителни можности за уредување на ентериерот. Наједноставен модел е „Хурон“ со еден висок стаклен ѕид и врата, потоа „Делукс премиер“ кој има комплет стаклени ѕидови од двете страни и вграден камин во ѕидот.