Хонг Конг е познат како место во кое слободниот простор е во постојан дефицит, па во потрага по решение за овој проблем група архитекти трансофрмираа една куќа на начин во кој е искоритен секој нејзин дел.
При редизајнирањето е отидено дотаму, што дури и гаражата е уредена во модерен и луксизен дизјан и е вклопена во ентериерот на куќата, која се протега на површина од 455 метри квадратни.
Целиот дизајн во куќата е едноставен модерен и добро испланиран. Комбинацијата меѓу телевизискиот и ѕидот кон скалите е прекрасна и е надополнета со сива палета на бои.
Како кујна е искористен еден долг и тесен простор, каде со одлично одбраното осветлување се добива навистина инспиративен изглед.
На горниот кат, до кој се доаѓа по елеганти црни скали, има спална соба со долги завеси и стаклена лузгачка врата кон голема тераса. Светлата боја на паркетот придонесува за збогатување на чувството на топлина во собата.
Доминацијата на стаклото во целата куќа е задржана и во бањата, која исто така е со стаклени ѕидови.