Руски медиуми: Српски доброволци одбиле напад на украинската армија во Доњецк

Од:

Српски доброволци, кои учествуваат на страната на проруските сили во Доњецк, уништиле два украински тенка, БТР и топ, а во текот на борбите двајца Срби се полесно повредени, јави Танјуг повикувајќи се на РИА Новости.

Доброволците чиј број не е соопштен, се дел од батаљон под команда на Братислав Живковиќ, а во Украина се од мај – првично во Славјанск, а сега во Доњецк, наведува руската агенција.

Наводно командант на проруските сили во Доњецк е Игор Стрелков кој таму ги запознал српските доброволци додека заедно војувале во БиХ (1992-1995).

Батаљонот на српските доброволци е наречен Јован Севиќ, по српскиот командант на полк кој во 1751 година се заколнал на верност на руската империја и воспоставил автономна покраина Славјанска-Сербија на територијата на денешен Лугањск и Доњецк. Покрај српските доброволци на страната на Народната милиција на Доњецк, се борат и неколкумина Шпанци и Чеси.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите