СДСМ: Наместо Трајановски да се фали со пет прскалки парите да ги троши на вистинските приоритети

Од:

„Унапредување на системите за наводнување на градското зеленило со прскалки е добро но начинот на кој го прави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски е недоволно, површно и парцијално, само во одредени населби и тоа на многу мали површини.

Погрешните приоритети на Коце Трајановски и неговото непотребно луксузирање за барокни згради и фасади се на штета на граѓаните на Скопје.

Доколку Коце Трајановски го прифатеше предлогот на СДСМ, да не ги задолжува граѓаните на Скопје со кредит од 7,5 милиони евра за милионската зграда на Водовод, ќе имаше доволно средства да се обнови речиси целото зеленило во Скопје и да се обезбеди изградба на современа водоводна мрежа.

Наместо Трајановски да се фали со набавување на пет прскалки нека се откаже од луксузирањата и парите на скопјани да ги троши на вистинските приоритети“, се вели во писмената реакција на СДСМ на најавеното поставување на прскалки за наводнување во Реонски центар Аеродром.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он