Јотовски поразен од Ѓоковиќ

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го загуби мечот во првото коло на фјучрсот во Нови Сад.

Поуспешен од него беше Марко Ѓоковиќ, брат на најдобриот светски тенисер Новак со 6:1 и 6:2 во сетови.

Топлото време во Нови Сад беше пречка за двајцата играчи, кои мечот го почнаа нешто после 12 часот.

Јотовски, кој претходната недела по успешните настапи во Ваљево (финале) и Сомбор (полуфинале) имаше недела на тренинг.

Јотовски на овој турнир ќе настапи и во двојки со Антун Пехар од Хрватска ќе играат против Дарко Јандриќ и Бојан Здравковиќ од Србија.

На фјучрсот во Нови Сад попладнево ќе играат и уште двајца наши тенисери.

Стефан Мицов со Петар Трендафилов од Бугарија ќе игра против Шендрит Деари и Денис Бејтулахи од Србија. Мицов утре ќе има настап и во синг конкуренција.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров