Струмичани уживаат во фестивалските содржини на Струмица опен фест

Од:

Промоции на книги, театарски претстави, концерти, вечери на поезијата, филмот и театарот и отворени забави за младите, ова се само дел од фестивалските содржини во кои веќе пет дена уживаат струмичани, а во рамките на третото издание на „Струмица опен фестивал 2014“.

Петтата фестивалска вечер започна во малиот градски парк со промоција на книгата „Ме кани светлината“ на познатата сликарка Роза Мојсовска, а веднаш потоа на градскиот плоштад се одржа концерт на кој учествуваа лица со телесен инвалидитет од цела Македонија.

Сите учесници испеаа прекрасни песни, а тројцата најдобри добија и награди што им ги врачи градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. И додека во амфитеатарот се одржуваше вечер на театарот, љубителите на убавиот пишан збор, повторно се собраа покрај езерцето во паркот. Поетите рецитираа, граѓаните уживаа во нивните стихови.

-Сум бил на многу места, во многу земји, но не и на вакво нешто. Ова е прекрасно, публика седната на черги во тревата, која ужива во поезијата. Имате оригинален фестивал, чувајте го и негувајте го, рече поетот Христо Петрески, еден од учесниците на поетската вечер.

Седнат во тревата беше и градоначалникот, Зоран Заев, со сопругата и дел од членовите на Советот на општина Струмица. Тие се и редовни посетители на скоро сите настани кои се одржаа во изминатите пет фестивалски денови.

Вечерва на програмата се промоција на книга на поетот Никола Сарајлиев, која ќе се одржи на градскиот плоштад и ревија на носии и вечер на афоризми покрај езерцето во големиот градски парк.

Би можело да ве интересира

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски