По ангажирањето на Марин Докузовски за тренер на Работнички повеќекратниот македонски шампион забрзано работи на комплетирање на екипата со квалитетни играчи.
Поранешниот македонски репрезентативец Димитар Мираковски, кој дел од ланската сезона го носеше дресот на екипата од „Градски парк“ и во новата сезона ќе биде во составот на Работнички.
Плејмејкерот Мираковски во последните неколку сезони имаше проблеми со повреди, но сепак неговото искуство може да биде од голема улога за тимот на Работнички.
Во моментов, договорни обврски со „црвено-белите“ имаат Дарко Соколов и Јане Петровски. Можно е во најскоро време во редовите на Работнички да пристигнат и нови играчи бидејќи се ближи и почетокот на подготовките на екипата за новата сезона.