Франсоа Оланд ќе летува на југот на Франција

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд замина на неколкудневен одмор на југоистокот од Франција, каде утре ќе го прослави својот 60 роденден заедно со семејството и децата, јави дописникот на МИА од Париз.

Одморот на шефот на француската држава започна на 4 август во резиденцијата Лантерн, во паркот на замокот на Версај. За својот 60-те роденден, Оланд новинарите на шега ги предупреди да не носат бонбони „драже“, кои се даваат на свадби, откако се проширија гласими дека се очекува легализирање на неговата врската со актерката Жили Гаје.

Роденденот Оланд ќе го прослави со своите четири деца Тома, Клеманс, Жилиен и Флора, кои се од неговата врска со Сеголен Ројал, која сега е министер во Владата. На роденденот не е најавен ниту еден министер.

Одморот на Оланд ќе биде прекинат в петок кога тој заминува во Тулон на одбележување на 70-годишнината од десантот на сојузничките трупи на југот од Франција.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата