Цонга го освои Роџерс Купот

Од:

Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга триумфираше на Мастерс турнирот Роџерс Куп во Торонто, откако синоќа во финалето го победи Швајцарецот Роџер Федерер со 2-0, по сетови 7:5 и 7:6. Мечот траеше еден час и 49 минути.

За Цонга ова беше 11 трофеј во кариерата и втор од Мастерс 1000 серијата. Тој воедно е првиот Французин што победува на Роџерс Купот.

На патот до финалето каде беше поуспешен од најтрофејниот светски тенисер, Цонга ги елиминира Новак Ѓоковиќ – првиот на АТП листата, Енди Мареј, Григор Димитров, Едуард Роже-Васелан и Жереми Шарди.

По овој успех, Цонга од денеска повторно ќе биде во ТОП 10 на АТП листата.
За победата во Торонто францускиот тенисер ќе добие 600 илјади долари, а Федерер двојно помалку.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров