Успешниот настап минатата недела на турнирот во Темишвар и овозможи на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа најдобар пласман во кариерата и во двете конкуренции.
Победата во двојки и овозможи да ја „симне“ границата од 400 место. Сега Ѓорческа се наоѓа на 393.место со 124 поени. Има напредок од 10 места.
Во сингл конкуренција истотака го има најдобриот ранг со скок од две позиции и се наоѓа на 418.место со 83 поени.
Оваа недела Ѓорческа ќе настапува на турнир во Брчко.