Русија разговара со Црвениот крст и ОН за испраќање хуманитарна помош во источна Украина

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Москва разговара со Киев, со Меѓународниот комитет на Црвениот крст и со ОН за испраќање на хуманитарна помош во источна Украина, пренесоа британските медиуми.

-Според нас, приоритет сега е постигнување спогодба со украинската страна, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и меѓународните хуманитарни агенции на ОН за неопходноста од испраќање хуманитарна помош во Луганск и Доњецк, рече Лавров.

Рускиот шеф на дипломатијата подвлече дека прекинот на огнот во источна Украина, за да се достави хуманитарна помош на мирното население, „е не само можно, туку и императивно“, пренесоа француските медиуми.

Ова прашање е итно, тоа не трпи одлагање, предупреди Лавров и посочи дека претседателот Владимир Путин лично го следи развојот на проблемот.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите