Oткриен еден тон канабис во Париз паралелно со истрагата за корумпирани полицајци

Од:

Во рамките на истрагата што ја врши „полицијата на полицијата“ за исчезнатите 52 килограми кокаин од просторијата каде се чуваат запечатени доказите на париската судска полиција, откриено е складиште во кое се чувале околу еден тон на канабис, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Дали ова ново откритие, ќе фрли нива дамка врз париската полиција која се бори против трговијата со дрога и опојни средства, рано е да се каже. Тоа се случи за време на истрагата за кражбата на 52 килограми кокаин од страна на осомничен полицаец, при претресите во квартот „Шинтаун“ во 13-от париски арондисман.

Полицијата започнала нов претрес и открила најпрво во сандаче 300 килограми преработен канабис, но лицето кое го изнајмувало има уште неколку други при чиј претрес биле пронајдени уште 600 килограми преработен канабис.

Оваа истрага му беше доверена на Централното биро за борба со недозволена трговија со наркотични средства на судската полиција и засега таа не се поврзува со аферата на исчезнатиот кокаин од полицискиот комесаријат.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата