Камион удрил во транспортниот систем на РЕК Битола, штетата еден милион денари

Од:

Дваесет и шест годишен возач на камион М.С. од с. Брод вчера, во с.Новаци, битолско, управувајќи со возилото марка „Ман“, удрил во транспортниот систем сопственост на РЕК Битола, при што причинил материјална штета од околу 1.000.000 денари.

Како што соопшти МВР, при ударот со камионот возачот оштетил 16 ваљаци, околу осум столбови, дваесетина капаци од системот, била искината сајла, а оштетување имало и на металната конструкција и на една сигурносна склопка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија