Лорен Фабиус во посета на Ирак

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус за време на неговата посета на Багдад ги повика Ирачаните да создадат што е можно порепрезентативна влада со цел да ја „водат битката против тероризмот“, пренесува дописникот на МИА од Париз.

– Потребно е сите Ирачани да се почуствуваат претставени и да можат заедно да ја водат битката против тероризмот, рече Фабиус по кратката средба со шефот на ирачката дипломатија Хусеин Шахристани.

Ирак во моментов се уште нема влада. Фабиус по Багдад денеска се очекува да го посети и Ербил, престолнината на автономниот регион Курдистан, на северот од Ирак за да го следи доставувањето хуманитарна помош од страна на Франција за цивилното население, кое е загрозено од заканите од џихадистите од Исламската република во регионот.

Фабиус од Ирак потсети дека Франција побарала специјален состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на ова прашање.

– Јас лично ги повикав моите колеги од ЕУ за да сите истовремено ја осудат Исламската држава и конкретно ја покажат нивната солидарност со ирачкото население, рече тој.

Претходно, лично францускиот претседател Франсоа Оланд изрази поддршка за американските воздушни удари во Ирак против позициите на џихадистите, потврдувајќи дека Франција е подготвена да му помогне на цивилното население кое страда во Ирак.

Во однос на ирачката криза, Франсоа Оланд, според Елисејската палата имаше телефонски разговор со претседателот на САД Барак Обама, при што двајцата изразиле иста одлучност наспроти неподносливото делување на терористичката група Исламска држава. Разгледан бил и начинот на нивната соработка за да им се помогне на силите кои се борат против џихадистите, како и пружањето на хуманитарна помош за цивилното население.

Оланд имаше телефонски разговор и со претседателот на регионалната влада на Ирачкиот Курдистан, Масуд Барзани, при што ја изразил подготвеноста на Франција да биде на страната на цивилното население, жртва на џихадистите.

Истовремено францускиот претседател изрази убедување дека „Денес како никогаш досега, решението за кризата која го погодува Ирак е политичко. Потребно е да биде спроведено се на дело со цел да се создаде во најкраток временски период вистинска влада на национално единство која ќе се ангажира да одговори на барањата на целокупното ирачко население“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер