Вкупно 26 репрезентации меѓу кои и Македонија, утре ќе ги почнат квалификациите за Европското првенство во кошарка што ќе се одржи следната година.
Селекциите се поделени во седум групи од кои две се со по три репрезентации и пет се со по четири репрезентации. Пласман на Евробаскетот 2015 година ќе обедбедат првопласираните од сите групи и шестте најдобро вторпласирани од седумте групи.
Натпреварите ќе се играат со забрзано темпо и шест кола ќе се одиграат од 10. август до 27.август.
Пласман на Евробаскетот 2015 имаат изборено 11 репрезентации: Шпанија, Украина, Франција, Словенија, Хрватска, Литванија, Србија, Финска, Грција, Турција и Естонија.
Во првото коло кое на програмата е утре ќе играат: Исланд – Велика Британија (А група), Бугарија – Холандија, Израел – Црна Гора (Б група), Австрија – Луксембург, Полска – Германија (Ц група), Македонија – Белгија, Белорусија – Данска (Д група), Португалија – Унгарија, Грузија – Чешка (Е група), Словачка – Романија, Шведска – Летонија (Ф група) и Швајцарија – Русија (Г група).
По отаказот на Украина, која заради безбедносната состојба ја откажа организацијата на Европското првенство, ФИБА Европа во текот на следниот месец по завршувањето на квалификациите ќе одреди нов домаќин на шампионатот.