Ѓорческа не успеа да избори уште едно финале во Арад

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето во поединечна конкуренција на фјучерс турнирот во Арад откако во полуфиналето попладнево загуби од Романката Николета Даскалу со 2:1 во сетови.

Со ова прекината е низата на Ѓорческа, која претходните две години беше финалистка на овој турнир, а победи во 2012 година.

Првиот сет и припадна на Даскалу со 6:3 во гемови, а во следниот Ѓорческа успеа да изедначи откако го доби со 6:4. Во решавачкиот сет Романката беше поуспешна со 6:1 во гемови, но треба да се напомене дека вчера нашата тенисерка одигра три меча, меѓу кои несреќно загубеното финале во двојки кога се наоѓаше на два поена до победата.

Ѓорческа следната недела треба да настапува на турнир во Брчко.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров