Двајца струмичани посредували за добивање азилатски статус за во ЕУ

Од:

Двајца струмичани посредувале за добивање азилантски статус во неколку држави членки на Европската унија за сума од 200 до 300 евра од член на семејство.

Како што соопшти МВР, против М.М.(40) и О.А.(39) двајцата од Струмица, од СВР Струмица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставиле  кривична пријава поради постоење основано сомневање  дека пријавените сториле кривичното дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.

– Имено, прво и второпријавениот во текот на минатата година со цел да се стекнат со имотна корист  врбувале, поттикнувале, организирале и превезувале лица  во државите од Европската унија и Шенгенскиот договор најчесто во градот Дортмунд, Германија со цел лицата да се стекнат со економски и социјални права што е спротивно на правото на Европската унија на прописите на Европската унија, Шенгенскиот договор и на меѓународното право. Пријавените организирањето и транспортот го вршеле на лица од повеке населени места од општините Струмица, Василево и  Босилово при што најчесто се користени патнички возила од марките „Форд Галакси“, „Пасат”, „Шаран”, „Форд Транзит” и „Фиат Дукато” сите со струмички регистарски ознаки, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа