Извршните директори на авио превозниците Етихад и Алиталија потпишаа синоќа во Рим финансиски договор со кој компанијата од ОАЕ презема 49 отсто од акциите на италијанскиот загубар.
Етихад Ервејз презема толкав број акции на Алиталија за инвестиција од 387,5 милиони евра.
Со договорот се подразбираат и инвестиции во вкупна вредност од милијарда и 758 милиони евра во Алиталија.
Патниците од Италија ќе имаат поголем избор на дестинации додека новите глобални врски ќе придонесат за пораст на туризмот, се вели во соопштение од двете компании. Планот на компаниите е до 2017 година да се постигне одржива профитабилност.