Болница во Торонто лекува пациент со симптоми карактеристични за еболата, јавија локални медиуми.
Пациентот пред извесно време бил во Нигерија.
Во Нигерија вчера беше воведена вонредна состојба заради големиот број случаи на таа хеморагична треска. Нигерија е четвртата држава во западна Африка по Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја зафатена од епидемијата во која досега животот го загубија 961 човек.
Светската здравствена организација објави вчера дека епидемијата од ебола е глобална закана.