Идентификувани вкупно 23 тела на жртвите од авионската несреќа во Украина

Од:

Лекарите по судска медицина идентификувале нова 21 жртва од несреќата на малезискиот авион, со што нивниот вкупен број изнесува 23, соопшти холандската Влада.

Авионот на „Малезија ерлајнс“ се урна на 17 јули во украинската област Доњецк, која е под контрола на проруските сили, а во несреќата загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои 193 холандски државјани.

Повеќе од 220 мртовечки ковчези беа транспортирани во Холандија, каде експерти имаат задача да ги идентификуваат телата.

Меѓу новите 21 жртва има 16 Холанѓани (еден е се двојно холандскои британско државјанство), двајца Малезијци, еден Германец, еден Канаѓанец и еден Британец, потврди холандското Министерство за правда.

Холандскиот премиер Марк Руте вчера истакна дека прекинува акцијата за пронаоѓање тела на местото на несреќата во источниот дел на Украина поради небезбедноста, предизвикана од борбите меѓу украинските и проруските сили.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он