Од како пред две недели тајландската полиција откри дека австралиска брачна двојка од две порачани бебиња кај „сурогат“ мајки во Австралија понела само едно од бебињата, тајландската полиција започна обемна акција за откривање на трагите на масовните раѓања на тајландските жени за други нарачатели.
Испитувањата доведоа до откривање на две родилишта во кои сиромашни Тајланѓанки раѓаат бебиња по нарачка на родители без деца, најмногу од Австралија и Јапонија.
Полицијата денеска соопшти дека ноќеска открила големо родилиште во кое, според првите сознанија, во последниве две години биле родени најмалку девет бебиња за кои како татко бил запишан некој богат Јапонец. Богатиот Јапонец успеал да избега од Тајланд, заедно со едно дете.
За бебињата што ги раѓале „сурогат“ мајките од Тајланд родилиштето обезбедувало дадилка, која добивала месечна плата од 300 долари. Сега полицијата трага по жените кои за пари останувае бремени, а по породувањето ги отсапувале бебињата, одрекувајќи се од натамошно мајчинско право.