Францускиот министер за финансии не сака социјални мрежи и современите уреди

Од:

Францускиот министер за финансии Мишел Сапан во интервју за „Опинион“ открива дека не е голем љубител на најновите електронски уреди, дека е недоверлив кон Твитер и дека отворено е против „селфи-фотографиите“, јави дописникот на МИА од Париз.

Министерот за финансии според современот речник е „анти-гик“. – Помалку „гик“ од Мишел Сапан е невозможно да се биде, констатира весникот, во врска со односот на министерот кон технологијата и посебно мобилната.

Запрашан дали неговиот телефон е ајфон на „Епл“, Сапан одговара со прашање: „Мислите на направата со јаболко?“.

Министерот притоа открива дека својот смартфон, чија марка не ја открива, го користи пред се за телефонирање и дека има регистрирано 1.297 контакти за да ги чита депешите и да испраќа кратки мораки.

Последните апликации кои се во мода, тој не ги познава, тој се служи само за апликациите за Метео, Мапи, Оранж ТВ, резервирање на билети за воз…

Но, притоа тој се покажува многу недоверлив кон користењето на новите технолошките моди. Така, Твитер за него е „малоумие и осиромашување”, додека „селфите“, според Сапан, ги претвораат ликовите во „жабји лица“.

Со ова Сапан отворено се дистанцира од неговиот претходник во Министерството за финансии, Пјер Московиси, кој е многу присутен на Твитер и другите социјални мрежи, па дури и преку тие на неговата придружничка.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата