Џикиќ: Белгија е искусна екипа, но со борбеност можеме до успех

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација во недела против Белгија ги почнува квалификациите за Европското првенство 2015 година. Со нов селектор и во голем дел нови играчи – репрезентативци, тие заедно ќе се обидат Македонија да го продолжи континуитетот и да избори учество на уште едно Европско првенство по ред (четири во низа или вкупно пет).

На денешната прес-конференција селекторот Александар Џикиќ се осврна на подготовките, но и на првиот ривал селекцијата на Белгија.

– Првиот противник Белгија е искусен тим, со повеќе интернационалци од нас. Тоа е екипа која има добра центарска линија, но и „атлетски градена“ надворешна линија. Периодот на подготовки измина, а можам да кажам дека со подобри „момци“ не сум работел досега. Против Белгија ќе барам од нив да се борат најмногу што можат, бидејќи тоа е единствениот начин да се дојде до позитивен резултат. Би сакал да е полна салата. Кога играш пред полни трибини, играш полесно, публиката те носи. Само може да се надеваме дека навивачите ќе дојдат и дека ќе ни помогнат, изјави Џикиќ.

На претсојните шест натпревари од недела до 27 август, Џикиќ ќе смета на 14 кошаркари, а за дуелот со Белгија од комбинација отпаѓа сигурно Бојан Крстевски поради тоа што поголем дел од подготовките беше повреден, додека Дамјан Стојановски ќе игра според неговите можности бидејќи и тој последните денови имаше здравстевни проблеми.

Натпреварот Македонија – Белгија се игра во недела со почеток во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос