Италијанската полиција во две одделни акции заплени 183 килограми марихуна, прошверцувани од Албанија.
Во првата акција се уапсени тројца албански државјани откако кај нив полицијата открила 130 килограми марихуана.
Дрогата била запленета синоќа во Умбрија, кога од областа Фросионе била пренесувана во северниот дел на Италија.
Полицијата запрела две возила при што во едното од нив биле Албанците и запленетата дрога, која се наоѓала во три големи вреќи.
Во друга акција полицијата во Бриндизи заплени 53 килограми марихуана и уапсила педесет и тригодишен Албанец, во чиј автомобил „Форд Фиеста“ била пронајдена дрогата.
Заедно со Албанецот уапсен е и триесет и тригодишен Италијанец, кој е осомниче за препродажба на дрогата. Тие биле уапсени по подолго следење на автопатот Лече-Бриндизи.