Ѓорческа полуфиналистка на фјучрсот во Арад

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Арад, Романија. Таа ја оправда улогата фаворит во мечот од четвртфиналето со Романката Симона Јонеску и на противничката и препушти само три гема – 6:3 и 6:0 во сетови.

Утре во полуфиналето Ѓорческа ќе игра со Николета Даскалу од Романија (606.место на ВТА листа), која денеска во четвртфиналето ја победи Ирина Марија Бара со 6:1; 1:6 и 6:4 во сетови.

По овој меч во поединечна конкуренција Ѓорческа ќе треба да го доигра полуфиналето во двојки со Камелија Елена Христеа против Сандра Хонигова и Симона Јонеску. Ѓорческа и Христеа водат со 1:0 во сетови, а доколку победат попладнево ќе играат во финалето во двојки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров