ЕУ и САД губат милијарди поради руските санкции

Од:

Одлуката на Русија да воведе забрана за увоз на храна од Запад, во перидот од една година, ќе погоди поголем дел од земјоделци, сточари и рибари.

Руската агенција „РИА новости“ објави листа на производи за исхрана, кои што Русија ги увезува од САД, Канада, Европа, Австралија и Јапонија. Од тие држави претходно во три фази пристигнаа економски санкции за Москва, поради поддршката на проруските сепаратисти во Украина.

Интересно е што на таа листа не се наоѓаат Полска и Германија, кои што не ги загрижува овој чекор на Москва, бидејќи од Русија земале сировини, а не извезувале храна.

Според податоците на Европската комисија, ЕУ минатата година во Русија пласирала земјоделски производи во вредност од 11,8 милијарди евра, што е повеќе од една третина од вкупниот руски увоз.

Покрај ЕУ, во загуба ќе е и норвешката рибарска индустрија, на која што Русија исто така на една година ќе и ги затвори вратите, како и на швајцарските произведувачи на млечни производи.

Американските произведувачи на месо ќе ги почувствуваат руските санкции, бидејќи извозот на храна и земјоделски производи од САД минатата година изнесуваше речиси милијарда евра.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите