Големо мнозинство ракети кои Хамас ги истрела врз Израел во последниот месец се изработени во Газа, изјави висок израелски воен претставник.
– За време на судирите, почнати на 8 јули, припадници на Хамас, кои де факто владеат со Газа, истрелале 3.300 ракети и гранати врз Израел, а над 500 ги пресретнал одбранбениот систем „Железна купола“, наведе армијата.
Неименуван претставник рече дека „големо мнозинство истрелани ракети се од домашно производство и само малку од нив биле од типот фаџр 5, од иранско производство“.
Хамас се прилагоди на производство на сопствено оружје откако Египет затвори многу тунели за криумчарење ископани под границата, рече истиот извор.