Ѓоковиќ елиминиран од Цонга на тенискиот турнир во Торонто

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше непријатно изненаден синоќа откако во мечот од 3. коло на Мастерс турнирот 1000 во Торонто загуби од Французинот Жо – Вилфред Цонга.

Противникот ги доби двата сета со 6:2 во гемови и ова за него беше само шеста победа против Ѓоковиќ, а има вкупно 18 порази во меѓусебните дуели. По освојувањето на Вимблдон за Ѓоковиќ ова беше прв настап на турнир и во победата во претходно коло над Гаел Монфис покажа дека неговата форма не е на потребното ниво.

Stan Wawrinka; Kevin Anderson

Турнирот заврши и за четвртиот светски рекет Стан Вавринка, кој загуби од Кевин Андерсон со 2:0 во сетови. Третото коло беше последно и за Томаш Бердих, кој загуби од Фелицијано Лопез со 2:1.

Пласман во четвртфиналето избори Енди Мареј без борба, додека Григор Димитров го победи Томи Робредо, а Давид Ферер го совалада Иван Додиг. Во следната рунда последен се пласира Рожер Федерер со триумфот над Марин Чилиќ со 2:1 во сетови.

На женскиот турнир што се игра во Монтреал заврши настапот за Марија Шарапова која загуби од Суарез Наваро со 2:1, а со истиот резултат Јелена Јанковиќ беше поразена од Коко Вандервеге. Другите фаворитки изборија пласман во следната рунда (четвртфинале).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров