Ѓорческа четвртфиналистка во Арад

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Арад, Романија. Таа денеска во 2. коло ја победи домашната тенисерка Ана Бјанка Михаила (945.место ВТА) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:1.

Следна противничка на Ѓорческа ќе и биде Симона Јонеску, уште една тенисерка од Романија. И во овој меч Ѓорческа, која е втора носителка важи за фаворит.

Македонската тенисерка попладнево со Романката Христеа во двојки го играат полуфиналето против Јонеску иХонигова од Чешка.

Ѓорческа последните две години беше финалистка на овој турнир, а единствената титула во сингл ја има освоено токму во романскиот град Арад.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров