Било каде, корупција насекаде, би помислил овие денови во секојдневното следење на настаните во двете држави за кои животно сум врзан: Босна и Херцеговина. од која доаѓам и Вирџинија, во која, освен шесте години работа во Виена и на Барбадос, го поминав најголемиот дел од изминатите 20 години.
Во двете земји во тек се корупциски афери на високо ниво. Во Босна тоа е апсењето на доскорашни највисоки функционери и службеници на државната агенција за индиректно даночење. Во Вирџинија пак судењето на доскорашниот гувернер на оваа држава и неговата сопруга под обвинение дека примале скапи подароци, пари и позајмици од бизнисмени кои за промоција на нивните диетални производи ја ставале на располагање официјалната резиденција и авторитетот на гувернерот.
Во босанскохерцеговската корупциска афера на виделина излегува се она што сите го знаеја, но никогаш не било истражувано, процесуирано и казнувано, бидејќи се случувало под закрила и покровителство на најмоќните партии и нивните централи и само затоа беше можно со одбрани партиски спонзори да се овозможи увоз на стоки со даночни олеснувања во кои државата е оштетена за којзнае колку десетици милиони марки, а главните актери на аферата стекнале имот кој 10 пати ги надминува нивните плати и можности.
Во вирџинската, човекот, кој се до јануари беше гувернер на една од најпросперитетните американски држави (околу 8,2 милиони жители, бруто национален доход 452,585 милиони долари, просечен приход по домаќинство 61.044 долари) и кој до избивањето на оваа афера се наоѓаше во потесниот круг на потенцијални републикански кандидати за претседател на САД, се соочува со обвиненија поради кои му следи долгогодишен затвор. Тој ќе се обиде вниманието на поротата од корупција да го пренасочи на вонбрачните романтични преокупации на својата сопруга со која има пет возрасни деца.
Доскорашниот гувернер не негира дека трговецот со витамини давал пари, подароци и позајмици во вредност од над 150.000 долари на него и неговата сопруга, дека бизнисменот ја одвел првата дама на Вирџинија на шопинг излет во најелитните њујоршки продавници „Бергдорф Гудман“, „Оскар де ла Рента“ и „Луј Вутон“, купувајќи и за неколку часа подароци во вредност од 20.000 долари, дека на децата на гувернерот им го оставал на располагање приватниот авион, им купувал голф опрема и платил 15.000 долари за келнерите на венчавката на неговата ќерка, но тоа наводно не било плаќање за услугите на гувернерот во промоција на витамините, туку последица од романтичните интереси на жената која во младоста била позната како мажоретка во навивачката група на „Редскинс“ од Вашингтон.
На публиката, така, наместо корупциска афера и се нуди љубовна сапуница со за сега се уште непознат резултат.
Но, меѓу двете корупциски афери, босанската и вирџиниската, постои драстична разлика. Во Вирџинија двете владејачки американски партии се тркаат во тоа која повеќе ќе направи оваа држава да ја промовира како исклучително пријателска за бизнис и така да ги привлече најголемите американски фирми и инвеститорит и затоа постои сомневање дека како прв човек на државата фаворизира производи на една компанија и и ја остава на располагање државната резиденција и научните потенцијали за лична корист, се зема како потенцијално првокласен грев.
Во Босна и Херцеговина корупцијата се подразбира. Според годишните извештаи на „Транспаренси Интернешенал“, БиХ е најкорумпираната земја на Балканот, пред неа се само Албанија и Косово, а корупцијата така се вкорени како начин на живеење и речиси ист е процентот на случаи во кои граѓаните само нудат и плаќаат мито, како и такви во кои тоа се бара од нив. Мито најчесто се плаќа на медицински персонал и полицијата, но се плаќа и за издавање на лични документи и разни потврди, а посебно упис во училиштата и вработување во јавните служби.
Корупцијата во босанскохерцеговскиот случај меѓународно се толкува како значајна причина за заостанување во исполнување на условите за европските интеграции и заостанување во економскиот развој: „братска економија“, во која дејностите и огромни пари се добиваат по лични и партиски врски со партиите и личности од власта, обесхрабрува конкуренцијата и странските инвестиции и така се осиромашува државата и перспективата на живеење во неа.
Изолирана, макар и најспектакуларна акција, каква што е апсењето на 10-ната осомничени за корупција во даночната управа, не може да биде замена за системско и систематско отстранување на условите за корупција во Босна и Херцеговина. Сегашните носители на највисоките функции не можат да ја убедат ни сопствената јавност ни меѓународните институции во искреноста во борбата против корупцијата, ако е очигледно дека во таа земја целосниот процес на приватизација бил криминал на партиски нај одбраните за добро на општеството, како најплатените дејности и најперспективните локации во ентитетите и кантоните ги доделуваат партиски и дури на најблиските роднини, како со прелевањето на милионски јавни фондови во џебовите на кумовите и пријателите се зголемил и имотот на највлијателните партиски „асови“ високо над нивните плати и можности.
Додека истрагата и апсењата не стигнат до тоа ниво, борбата против корупцијата ќе биде само приказна за наивни.