Хунтата најави укинување на законот за вонредна состојба во Тајланд

Од:

Висок функционер на тајландската хунта, генерал-полковникот Рудит, денеска соопшти дека Националниот Совет за ред и мир, како што себе си се нарече армискиот врв кој на 22 мај изврши државен удар, има намера набрзо да го укине законот за вонредна состојба во Тајланд. Според генералот Рудит, оваа одлука ќе ја донесе новиот премиер на преодната влада.

Преоден премиер, кој треба да управува со државата најмалку до октомври идната година, ќе го назначи  Националното Законодавно Собрание, орган што формално се конституира денеска, а кој од утре ќе започне да носи одлуки. На свеченоста по повод конституирањето на новата законодавна асамблеја на Тајланд присуствуваше тајландскиот крал, кој инаку ретко се појавува во јавноста.

Според сите прогнози, нов премиер на Тајлан, иако со титула преоден, ќе биде сегашниот шеф на воената хунта, генералот Прајат Кан-ока.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач