Малезискиот боинг најверојатно бил соборен од воен авион

Од:

Боингот на авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ што се урна во источна Украина, веројатно бил собоен од воен авион, пишуба малезискиот весник „Њу Стрејтс тајмс“.

Според најновата верзија, на која во моментот работат иследници, авионот можел да биде погоден со ракета воздух-воздух и пукотници од 30-милиметарски авионски топ.

Весникот се повикува на извори од војската. Цитираните експерти зборуваат за тоа дека на трупот на авионот се регистрирани два вида оштетувања, првите настанале со удар на ракетни елементи, а вторите „тркалезни“, слични на дупки од куршуми.

Претходно за тоа како на фрагментите на Боинг 777 се откриени дупки слични на траги на пукотници, зборуваше претставник на специјалната мисија на ОБСЕ во Украина Мајкл Боцјуркив.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он