Во американсата сојузна држава Ариозна е изградена една пространа раскошна куќа опкружена со прекрасни пејзажи, од која се пружа панорамски поглед кон планината Дезерт Маунтајн.
Куќата е изградан во рустикален стил со мешавина на камен и органски материјали кои се беспрекорно вклопени како во екстериерот, така и во нејзиниот ентериер.
Дрвото и каменот придонесуваат за шармантната и инспиративна атмосфера во куќата, која ја надополнуваат гредите на таванот и дрвениот мебел. Стаклените ѕидови овозможуваат влез на големо количество дневна светлина, но нудат и можност за уживање во прекрасните околни пејзажи.
Во дворот на куќата има базен, околу чии рабови се поставени огледала, кои создаваат чувство на бесконечност и овзоможуват отсликување на околните пустински планини.