Вооруженото крило на палестинската исламистичка група Хамас, „Бригадите на Изедин ал Касем“, егзекутира неколкумина Палестинците, под обвинение дека му помагале на Израел за време на офанзивата во Газа, објави сајтот „Маџад“.
Висок воен претставник на Хамас изјави дека „колаборационистите му помагале на непријателот во одредувањето нови цели и му давале информации за луѓе вклучени во отпорот“.
Според палестинското законодавство, за соработка со Израел, за убиство и за шверц на дрога предвидена е смртна казна, но таа во суштина треба да биде одобрена од претседателот Махмуд Абас.
Во информацијата на сајтот на се наведува бројот на егзекутираните Палестинци.