Рускиот истражен комитет има докази дека против цивили во југоисточна Украина се употребени фосфорни бомби, изјави портпаролот на комитетот, Владимир Маркин.
-Главното истражувачко биро на рускиот истражен комитет има докази дека против цивилите во регионите на Доњецк и Луганск било употребено ова забрането оружје, наведе тој.
Тоа е откриено во тек на кривичната истрага за употреба на забранети средства и методи за војување, пренесе „Итар тас“.
Е. Г.